Кејт Мидлтон во модна комбинација од Александар Меквин

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, е препознатлива по својот елегантен стил на облекување.

Во неделата (17ти март) се прославуваше ирскиот национален празник Денот на свети Патрик кој има долга традиција и важи за еден од највеселите верски празници. По повод овој настан, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ја посетија ирската војска. Војвотката од Кембриџ носеше темно-зелено палто со потпис на Александар Меквин. Кога се во прашање модните детали, нејзиниот избор беа црните чевли со кои не може да се згреши.

 

Изгледот е надополнет со елегантна шапка и впечатлив, златен брош во форма на детелинка.

x

Check Also

Анџелина Џоли и Бред Пит: Конечен развод на славниот пар

Разводот на славните глумиц Анџелина Џоли и Бред Пит беше долг и ...