Кејт Мидлтон во Пакистан – „а ла“ Лејди Ди

23 години по посетата на принцезата Дајана во Пакистан, на сегашната кралска турнеја во Пакистан Кејт Мидлтон покажа реплика на Лејди Ди.

Кога принцезата Дајана го посети Пакистан во 1996 година, носеше прекрасен син фустан од дизајнерката Кетрин Вокер во комбинација со панталони. 23 години подоцна, на кралската турнеја во Пакистан, Кејт Мидлтон покажа идентичен стил и моден избор.

И Мидлтон за оваа прилика одбра син макси фустан од Кетрин Вокер во комбинација со панталони – односно, традиционални шалвари. Ова беше намерен избор со цел да се изрази  почит кон починатата принцеза.

 

x

Check Also

Моника Белучи блеска во новата кампања на Долче и Габана

Три италијански убавици од различни генерации – Моника Белучи, Бјанка Балти и ...