Кејт Мидлтон во панталони од пролетната колекција на Масимо Дути

Кога зборуваме за модата во кралските семејства, веројатно патиките се она што последно ни паѓа на ум. Но, не и во случајот на Меган Маркл и Кејт Мидлтон.

За посетата на Цветното шоу во граднината на кралската болница кое се одвива под мотото „Назад кон природата“, војвотката од Кембриџ одбра „кежуал“ модна комбинација зачинета со бели патики. Патиките се од марката Superga, чинат 50 евра и сеуште се достапни во продажба во повеќе од 10 различни нијанси.

Трендовската бела кошула со дупчиња пак, Мидлтон ја комбинираше со кафени панталони од пролетната колекција на Масимо Дути.

 

x

Check Also

Версаче со ретро кампања и Хелена Кристенсен за празничната сезона

Супермоделот од 90-те години, Хелена Кристенсен заедно со мултимедијалната артистка Сара Бејкер ...