Кејт Мидлтон во панталони од ZARA од 2.000 денари

Не е тајна дека претставниците на кралското семејство сакаат да комбинираат модни парчиња од луксузни модни марки со модни парчиња од популарните „хај стрит“ брендови. А шампионка во такви модни комбинации е војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.

На првиот настан организиран после нејзиното породилно отсуство, Мидлтон се појави во „кежуал“ моден изглед, облечена во џемперче, јакничка и панталони, во комбинација со високи и рамни кожени чизми. Трендовските панталони се од есенската колекција на шпанската модна марка Зара и чинат 2.000 денари.

Не се сомневаме дека токму овие панталони ќе станат есенски бестселер.

 

x

Check Also

Листа на желби: Летна чанта од MANGO

Какошто деновите стануваат се потопли, размислуваме за летна, лесна чанта, иста онаква ...