Кејт Мидлтон во романтичен розов фустан како Аурора од „Заспаната убавица“

На настанот 100 Women Finance Gala Dinner, војвотката од Кембриџ пристигна во романтичен фустан во кој наликуваше на Дизниевата принцеза Аурора од приказната „Заспаната убавица“. Со овој моден избор брзо ги освои срцата на сите љубители на ликовите на Дизни, како и фановите на кралското семејство.

И не само во нијансите на фустанот – три нијанси на розово, дизајниран од Гучи, туку и самиот модел е речиси идентичен на фустанот кој го носи Аурора во приказната.

Дополнително, чевлите се истотака во стилот на Аурора, како и розовите нежни обетки кои се од британскиот дизајнер Kiki McDonough.

x

Check Also

Најинспиративни модни профили на Инстаграм што треба да ги следите

Понекогаш ни треба мала инспирација како да внесеме свежина во стилот. Модата ...