Коњскиот натпревар Royal Ascot е еден од најпрестижните настани во Англија, натрпеварот рае пет дена и ги собира припадниците на кралското семејство и високото друштво.
Правилата на облекување за оваа пригода се прилично строги. Таму нема да видите жени со гол стомак (бидејќи тоа е забрането), панталоните мора да бидат долги и да се носат во комбинација со кошула, а не е дозволено ни носење на спортска облека. Задолжителен моден додаток е шапката.
Војвотката од Кембриџ на овој важен настан, вчера се појави во романтичен светлосин фустан од Ели Сааб и сребрени салонки од Џанвито Роси. И шапката е тука, таа е дизајн на Филип Трејси.
На настанот присуствувала и кралицата Елизабета Втора и кралицата од Холандија Максима.