Кејт Мидлтон во целосен изглед од „Долче и Габана“

Денес војвотката од Кембриџ беше ангажирана во сесија за уметност и занаетчиство за време на посетата на детската болница Евелина во Лондон.

Кејт беспрекорно беше облечена во сако и здолниште од Долче и Габана. Овој комплет го носеше за прв пат во февруари минатата година. Овој пат, сепак, војвотката се надмина себеси – го комбинираше компелтот со чевли Џанвито Роси (355)и обетки од нејзината омилена марка Мапин и Веб.

При излегувањето од автомобилот, војвотката имаше симпатична непријатност кога здолништето ѝ се поткрена.

x

Check Also

Принцот Чарлс го помина коронавирусот со благи симптоми, ѝ се обрати на јавноста

Принцот Чарлс зборува за прв пат по излегувањето од самоизолација. 71-годишниот наследник ...