Лиз Џонс: Кејт Мос е најлош пример на „модна икона“!

Колумнистката на најчитанот весник, Дејли Меил, против Кејт Мос!

mos 1

Во својот долг напис, колумнистката на „Дејли Меил“ се заврте против најплатениот модел на светот Кејт Мос, тврдејќи дека таа е најлошиот пример за било каква „модна икона“ на 21-от век.  Џонс ја нарекува Мос всушност за најлош пример за младата генерација која воопшто може да се пласира.

Тврдењата Џонс не ги основа на „рекла-кажала“, туку објаснува како ја запознала Кајет Мос уште во времето кога работела за списанието „Мари Клер“.

„Снимањето се сличуваше на Тајланд, а Мос дојде со својата пријателка со која престојуваа во најлуксузен спа-хотел. Тоа што од неа се очекуваше беше да позира за неколку фотографии и да напише кус дневник за патувањето. Снимањето беше вистинска катастрофа, Кејт не престануваше да пуши цигари и да одбива да го напише текстот. Не кажа ни благодарам за патувањето.“

mos glavna

Џонс тврди понатаму дека Кејт е само производ на медиумите кои работите ги прикажуваат „обландирани“ на јавноста. Дека Кејт воопшто не изгледа како што ја гледаме,  дека е „уништена“ од нездрав живот, преполна со целулит и дека се’ што ја интересира се – единствено и само журките.

„Тоа е тоа што најмногу го презирам кај неа, можам да и’ го простам лошото воспитување и недостатокот на манири, но не и лагата за свежината и здравјето која ја „продава“ на младите девојки преку насловните страници“, пишува Џонс.

x

Check Also

Ирина Шајк во бикини поубава од кога-било, дали се должи тоа на вљубеноста во Канје Вест?

35-годишната руска убавица, поранешен ангел на Викторија Сикрет, буквално блеска во новата кампања ...