Кејт Мос ги урива рекордите: освоени уште две пролетни насловни страници

Кејт Мос останува најбаран модел и во 41-та година од прилично возбудливиот живот. Насловните страници за мајското издание на британскиот Вог и американскиот Харперс Базар се резервирани за неа.

kejt 2

Во мај Кејт Мос ќе се појави по 35-ти пат на насловната страница на британскиот Вог и со тоа рекордот е урнат.

Всушност, добар дел од мајското издание на Вог е во знакот (и со шармот) на Мос во кое таа има улога на гостин –моден уредник.  Едиторијалот и го отстапува на својата помлада колешка Ериксен која позира облечена во новата колекција на Мос дизајнирана за Топшоп. Патем, и колекцијата ќе се најде во продажба на почетокот на мај.

kejt 1

Истиот месец, Мос ќе ја гледаме и на насловната страница на американскиот Харперс Базар. За фотограгиите на ова издание се погрижи нејзиниот пријател, контроверзниот Тери Ричардсон.

x

Check Also

Триото „Тојлетпејпер“ се врати со нови гротескни модни фотографии

Фотографите Маурицио Кателан и Пјерпаоло Ферари и уметничкиот директор Мико кои го ...