Кејт Мос и Каја Гербер во новата кампања на Стела Мекартни

Стела Мекартни обедини два топ модела од различни генерации во новата кампања за колекцијата пролет/лето 2019.

Супермоделот Кејт Мос и ќерката на Синди Крафор, Каја Гербер, позираат пред објективот на Џони Дафорт. Со тема круг, кампањата се фокусира на фустаните со принт, комбинезоните од тексас и модерни чанти.

-За сезоната пролет/лето сакав во преден план да ги ставам чудата на жената – кругот на животот и љубовта од оние кои инспирираат и доаѓаат пред нас, објаснува дизајнерката Мекартни.

x

Check Also

Ќерката на Кортни Кардашијан оди в училиште со „гучи“ сандали од 400 долари

Семејствата Кардашијан – Џенер се сериозни кога е во прашања модата и ...