Кејт Мос позираше разголена за насловната страница на британскиот Ескваер. Тоа е нејзино прво појавување на насловна на машко списание во изминатите 17 години.
За септемвриското издание на списанието Ескваер 39-годишната Мос позираше во проѕирно стилизирано боди. Ова е прво појавување на Мос на насловна на едно машко списание во изминатите 17 години. Последен пат позираше разголена за машкото списание Арена, во 1996 година, а пред тоа за Ескваер пред 20 години, во 1993.
Гласините се потврдија, Кејт Мос ќе се појави на насловната страница на Плејбој следниот јануари по повод нејзиниот 40 роденден.
Уредникот на Ескваер ја нарече Мос „единствена британска фигура“, совршена за „мејд ин Британ“ употреба.
Мос беше фотографирана од Крег Мек Дин, а нејзините фанови веќе се активни на Твитер и едногласни: „Ни се допаѓа што Кејт Мос позира за Ескваер, таа изгледа неверојатно!“