Кејт Мос станува уредник во Вог, ќе ја напушти ли професијата на модел?

Британскиот Вог додава уште едно големо име во своето уредништво. Кејт Мос!

Супермоделот Кејт Мос 33 пати ја освои насловната страница на британскиот Вог, а на пролет ќе се придружи на уредничкиот тим.

Британскиот Вог веќе објави дека Мос ќе биде помошник уредник за мода, а ќе работи со моделите и фотографите кои сама ќе ги одбере.

mos 1

Тимот на Вог е воодушевен од прифаќањето на понудата од страна на Кејт Мос и сметаат дека таа ќе внесе нов бран на страниците.

„Апсолутно сум почестена дека Кејт Мос ќе работи со нас, во нова улога. Таа има огромно чувство за стил, големо искуство во модниот свет и знае како се создава прекрасна фотографија. Ќе биде возбудливо да се види нејзината работа на нашите страници и едвај чекам да почнеме да разменуваме идеи“, вели Александра Шулман, главен уредник на британскиот Вог.

Мос има искуство во соработката со списанието Вог и тоа како уредник, таа беше гостин уредник за Вог Париз во 2005 година, а за британскиот Вог има реазлизирано фотосесија на тема висока улична мода во 1994 година. За разлика од овие две кратки искуства, овојпат станува збор за долгорочна соработка.

Фановите на Мос прашуваат дали после закажаната фотосесија за јануарското издание на Плејбој, по повод нејзиниот 40-ти роденден, воопшто ќе ја видиме повторно во улога на модел. За сега, нема одговор од Мос.

 

x

Check Also

Мисицата Елена Анѓеловска утре ќе се бори за круната на Мис Глоуб во Торонто

Утревечер во Торонто ќе се одржи финалето на Мис Глоуб. Македонска претставничка ...