Кејти Холмс има нова љубов, готвачот Емилио Витоло

Слатката холивудска актерка, Кејти Холмс, поранешна сопруга на Том Круз, има нова љубов. Не станува збор за глумец, туку за готвач со италијанско и перуанско потекло.

Кејти и омилениот готвач на ѕвездите, Емилио Витоло, се фотографирани во еден љујоршки ресторан како се бакнуваат.

Американска актерка има прилично проблематично љубовно минато: таа беше во брак шест години, од 2006 до 2012 година, со Том Круз, 58, со кого ја има ќерката Сури.

Една година по разводот со ѕвездата на „Невозможна мисија“, Кејти започна врска со 52-годишниот глумец Џејми Фокс, со кого беа заедно до 2019 година, но никогаш официјално не ја потврдија врската.

Кој е Емилио Витоло?

Емилио Витоло работи во Emilio’s Ballato, семејниот ресторан во кој главен готвач е неговиот татко. Прочуениот италијански ресторан работи од 90-те години, а се наоѓа во СоХо на Менхетен (Њујорк). Инаку, Емилио кој готварското знаење го наследил од татка си, е еден од најбараните шефови на кујна меѓу ѕвездите.

Емилио е близок пријател на повеќе ѕвезди меѓу кои на Џастин Бибер, Ријана, Бела Хадид, Софи Тарнер и Бредли Купер кои се редовни гости во ресторанот.

Емилио Витоло, фото Инстаграм

View this post on Instagram

Birthday Boiii !!! Love you ❤️❤️

A post shared by Emilio Vitolo (@emiliovitolo) on

Љубовната врска на Емилио и Кејти започнала во септември.

x

Check Also

Џенифер Лопез и Бен Афлек заедно го прославија 4-ти јули

Двете sвезди заедно ја поминаа годишнината славејќи ја независноста на Америка. Прво ...