Кендал Џенер е ѕвезда на новата кампања на Liu Jo

За колекцијата пролет/лето 2020 на италијанската популарна модна марка Liu Jo, главна ѕвезда е супермоделката Кендал Џенер. 

Италијанската модна марка Liu Jo (достапна и кај нас), го прославува својот 25.роденден со нова колекција дизајнирана за потоплите денови. За специјалната пригода ангажирана е Кендал Џенер која позира во модни прачиња од новата колекција пред објективот на Мет и Маркус.Акцентот е на тексасот. Бринетата е облечена во бела маичка со порака „Борн ин 1995“, тексас јакна и тексас панталони.  Колекцијата е инспирирана од стилот на 90-те години. 

x

Check Also

ФОТО/Вака се носи кариран дезен на 20, 30, 40, 50 години: Учиме од Кејт Мидлтон и Викторија Бекам

Се ближат празниците кои меѓу другото ги врзуваме и со карираниот дизајн, ...