Кендал Џенер и Џенифер Лопез – фантастично дуо во дигиталната кампања на Версаче

По зелениот фустан со џунгла – принт кој таа го носеше и го направи познат во 2019 година (уривајќи го Интернет), дали некој е изненаден што Jенифер Лопез е лице на кампањата на Версаче за пролет/лето 2020?

Актерката и пејачка во кампањата е заедно со модната ѕвезда Кендал Џенер. А, не е ни чудо што Версаче пролетната сезона ја фокусираше токму на џунгла и палма мотивите, а доминантна е зелената нијанса, која бездруго е хит за потоплите денови.

„Во однос на мојата кариера, фустанот со џунгла-принт навистина одбележа момент“ – рече Џенифер. „Сон е повторно да соработувам со мојата пријателка Донатела на оваа прекрасна кампања и да создадеме нешто ново и свежо“.

Погледнете во продолжение дел од објавените фотографии.

x

Check Also

Каја Гербер е лице во пролетната кампања на Џими Чу

Каја Гербер продолжува да се искачува кон врвот на модните скалила. Новиот ...