Кендал Џенер ни ја носи пролетта на насловната на Вог

Февруарското издание на италијанскиот Вог го краси топ моделот Кендал Џенер.

Ѕвездата со над 100 милиони слдбеници на Инстаграм, пред објективот на Марк и Маркус, позира за насловната страница во модна комбинација од новата колекција на Армани.

Нежните пастелни бои кои доминираат на насловната ја најавуваат пролетта. Женствената креација од пролетната колекција на Армани е надополнета со гламурен накит од Помелато.

Во едиторијалот пак, Кендал позира сосема гола, ако не се земат предвид ракавиците, чорапите и високите потпетици.

x

Check Also

Ангелите на Викторија сикрет вака ја најавија новата колекција

Victoria’s Secret лансираше жешка кампања најавувајќи ја новата колекција на долна облека ...