Кендал Џенер по третпат ја освојува насловната на Вог

Популарната манекенка Кендал Џенер по трет пат се појавува на насловната на Вог.

Овојпат станува збор за насловната на Вог Кореја.

За фотосесијата на априлското издание на Вог позира пред објективот на Мерт Алас и Маркус Пижо во модни парчиња од новата колекција на Шанел.

Покрај свежите пролетни креации на Шанел, амбиентот ја доловува сезонската радост на цветови и убаво време.

Џенер, инаку, оваа сезона е и заштитно лице на Мисони.

x

Check Also

Дали Парис Хилтон е бремена? Одговорот доаѓа преку подкаст

По веста што вчера ги преполни „госип“ порталите, Парис Хилтон добива низа ...