Кендал Џенер се разголе за списанието „Лав“

Списанието „Лав“ (Love Magazine) за да го прослави својот 10-ти роденден ја ангажираше топ моделот Кендал Џенер.

Американската убавица ја краси насловната страница на списанието, а во едиторијалот позира во топлес издание, со гаќички, со бисерен ѓердан и чаша за шампањ.

Фотосесијата ја реализирал Аласдаир Меклелан во Лондон, а со неа сниемено е и видео.

Кога не е расоблечена, славната манекенка носи луксузна облека, како волуменозниот фустан од британскиот дизајнер Ричард Квин (нов моден фаворит) и ретро креација од Фенди.

 

x

Check Also

Меган Маркл организира „baby shower“ денес во Њујорк

Војвотката од Сасекс, според списанието Харперс Базар, денес (19ти февруари) закажала baby shower ...