Кендал Џенер со искрена исповед ги воодушеви фановите

И познатите личности имаат проблеми со кои се соочуваат секојдневно, а нивната искреност секогаш наидува на воодушевување кај нивните фанови. Така и Кендал Џенер ги освои симпатиите на фановите со искрената исповед.

Доделувањето на наградите Златен Глобус, годинава даде повод за Џенер да објави убави вести, но и искрено да се „исповеда“. Имено, на минатогодишните Златни Глобуси, манекенката се појавила без шминка која инаку го прикрива нејзиното проблематично лице и акните со кои долго време води борба.

Кендал признала дека многу страдала со проблемите со акните и бубулиците и дека често останувала дома во солзи зашто не сакала да се појавува меѓу луѓе со таква проблематична кожа.

Како што вели, папараците се тркале кој ќе ја слика од што поблизу, за нејзиниот проблем на кожата да се обелодени, а тоа пак, силно ја депримирало манекенката.

Кога минатата година се појавила на црвениот тепих без шминка, таа одлучила да го сподели проблемот со јавноста. Тоа воедно значело и поддршка на сите девојки со истиот проблем. Сепак, нејзиниот проблем не ја спречи да стане една од најплатените модели, туку и обезбеди и договор до познатиот бренд Проактив кој има линија за лечење на акни.

x

Check Also

Кејт Мос и Каја Гербер во новата кампања на Стела Мекартни

Стела Мекартни обедини два топ модела од различни генерации во новата кампања ...