Кендал Џенер – ново заштитно лице на Есте Лодер

Ги претставуваше моделите на најголемите модни куќи како што се Марк Џејкобс, Долче и Габана, Дајан вон Фустенберг и Шанел, но вистински имиџ на модел од А – класа добива со потпишаниот договор со големата козметичка марка Есте Лодер.

k1

„Искрено се чувствувам како во сон, да се претставува една иконска марка за убавина е неверојатна чест. За овој договор знаев уште кога бев зад сцената на модната недела во Париз, и цело време морав да ја чувам тајната. Толку сум среќна да кажам дека сум дел од Есте Лодер“, објаснува Џенер.

19-годишната сестра на Ким Kардашијан ги следи стапките на големите диви кои беа нејзини претходнички во кампањите на Лодер, Елизабет Харли и Гвинет Палтроу.

Нејзината неверојатна кариера во подем би можела да стане уште поголема доколку следниот договор го направи со Викторија сикрет, за кој засега само за зборува, но и доколку се остварат гласините дека ќе се појави во второто продолжение на филмот 50 нијанси на сиво.

x

Check Also

Причини поради кои брзо ви се создаваат брчки на лицето

Создавањето на брчки многу зависи од типот на кожата, но и од ...