Кендис Свонепул ја рекламира новата колекција на Miss Sixty

Италијанската модна марка специјализирана за модни парчиња од тексас, Miss Sixty, ја ангажираше убавицата Кендис Свонепул за кампањата за колекцијата наменета за пролет/лето 2019.

Фотографирана од Дениел Џексон, русокосата убавица позира покрај ренесансни слики. Фотосесијата е реализирана во Њујорк, а ова е втора година како топ моделот Свонепул е амбасадор на оваа модна марка.

Од џинс јакнички до тесни тексас фустани, Кендис ни презентира дел од модните хитови на Miss Sixty за сезоната на потопли денови. Проѕирните чизми пак, се апсолутен „маст хев“ за пролет/лето 2019.

За потребите на кампањата снимено е и видео, погледнете го.

 

x

Check Also

Први тротинети и велосипеди за најактивните корисници на апликацијата HalkEco  

  Апликацијата HalkEco на Халкбанк  со која се стимулира пешачењето, трчањето, возењето ...