Кери Симондс, бремената девојка на англискиот премиерот Борис Џонсон е во солзи, кралицата Елизабета ја смирува

Британската кралица испрати порака до бремената девојка на англискиот премиер: „Вие сте во моите мисли и посакувам Премиерот наскоро да ја напушти болницата“, напиша кралицата Елизабета.

Кери Симондс, 32-годишната девојка на Борис Џонсон (55), се расплакала кога дознала за хоспитализација на англискиот премиер на интензивна нега поради заразата од коронавирусот. Симондс е бремена во шестиот месец и се очекува да се омажи за Џoнсон во наредните месеци. Симондс беше „утешена“ од кралицата Елизабета преку социјалната мрежа Твитер.

„Вие сте во моите мисли и посакувам премиерот наскоро да ја напушти болницата“, напиша кралицата.

Пораката беше дистрибуирана на сите социјални медиуми.

Кери Симондс и британскиот премиер не се гледаат веќе две недели, бидејќи обајцата доживеаја симптоми на коронавирус. Симондс веднаш се засолни во домот на нејзината мајка загрижена за бременоста. Британскиот премиер пак, е во болницата „Сент Томас“ од неделата, 5 април, и по два дена е преместен на одделот за интензивна нега.

x

Check Also

Започнува продажбата на спектакуларниот HUAWEI Mate Xs и на македонскиот пазар

 Од вчера, најиновативниот производ до сега, се продава ексклузивно во продажните салони на ...