Венити фер: Кери Вошингтон е подобро облечена од Кејт Мидлтон и Викторија Бекам

Списанието Венити фер ја објави листата на најдобро облечени познати личности во 2013 година.

keri 2

На прво место на листата која ја прави ова списание секоја година, годинава се најде глумицата од серијата Скандал, Кери Вошингтон. Кери која е миленичка на модните критичари се најде и на насловната страница на ова списание. Запамтена е по гардеробата која ја носеше на Оскарите, Златен Глобус и Метрополитен гала.

По неа е Кејт Мидлтон која четири години беше на врвот на листата, а на трето место е Викторија Бекам.

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Плисираната сукња на Летиција од Шпанија

Летиција од Шпанија, 49, е неприкосновена во модната естетика која инспирира. Овојпат ...