Иреланд Болдвин во друштво на топ моделот Мишел Хунзикер за Алди

Ќерката на Ким Бесинџер – модел на ревија за Алди

Ќерката на холивудските глумци Ким Бесинџер и Алек Болдвин, Ирланд Болдвин, има 23 години и се пробива во модниот и актерски свет. Таа создава сопствена кариера, живее во Лос Анџелес, а овие денови се врати под окото на јавноста како модел за костими за капење и облека за плажа од популарниот ланец Алди.

Фановите на Бесинџер и Болдвин веќе забележаа дека Ирланд има црти на лицето наследени од мајка си, но сепак, повеќе личи на татко си.

Минатата година Иреланд позираше гола за „Пета“ и тогаш коментираше -„ Побрзо би се сликала гола, отколку да носам крзно“.

Алек и Ирланд денес се во добри односи, иако така не беше отсекогаш. Имено, Алек Болдвин и Ким Бесинџер се венчаа во 1993 година, две години потоа ја добиле Иреланд, а во 2000-та година се разведоа и тоа на многу грд начин. Во јавноста испливаа неубави детали од животите на славните глумци, па дури и снимка на која лутиот Болдвин вика на малата Иреланд и ја нарекува „безобразна мала свиња“. Шест години Алек и Ким се тужеа за тоа со кого ќе живее малата Иреланд, на судските процеси биле потрошени „тешки“ милиони, а на крајот старателството беше доделено неизменично на двајцата.

 

x

Check Also

Версаче со ретро кампања и Хелена Кристенсен за празничната сезона

Супермоделот од 90-те години, Хелена Кристенсен заедно со мултимедијалната артистка Сара Бејкер ...