Ќерката на Кортни Кардашијан оди в училиште со „гучи“ сандали од 400 долари

Семејствата Кардашијан – Џенер се сериозни кога е во прашања модата и шопингот. Најновото модно парче на малата ќерка на Кортни Кардашијан предизвика бројни (негативни) коментари на Инстаграм.

Пенелоп, ќерката на Кортни Кардашијан, за в училиште носи сандали од Гучи, кои чинат нешто под 400 долари. Ким Кардашијан ја сподели фотографијата на Инстаграм направена пред училиштето, на која позираат заедно со сестраси Кортни Кардашијан и нивните деца Норт Вест и Пенелоп. И двете девојчиња се во училишни униформи, позирајќи до своите мајки. Но додека нивните униформи изгледаат исто, малите ученички ја покажуваат страста кон модата преку изборот на чевли. Вест носи бели Chuck Taylors патики од „Конверс“ кој чинат околу 200 долари, додека нејзината братучетка, Пенелоп, носи Гучи сандали од 365 долари.

Но, корисниците на Инстаграм, гледајќи колку чинат сандалите на шестгодишното девојче, не остана рамнодушна, туку следуваа бројни коментари.

Ова не се први Гучи сандали на Пенелоп. Неодамна, нејзината мајка Кортни постираше фотографија на Инстаграм од нејзината ќерка како носи ист модел на Гучи сандали но во златна нијанса.

x

Check Also

Тејлор Свифт одлично изгледа и со неколку килограми повеќе

Teen Choice Awards за првпат доделува награда за икона која со своето ...