Ќерката на Моника Белучи го разбранува Инстаграм, убава е како мајка ѝ

Дева Касел „слета“ на Инстаграм. Прекрасната постара ќерка на Моника Белучи и Винсент Касел, Дева Касел, која е годинава и главен лик на кампањата за парфемот Dolce Shine од „Долче и Габана“, блесна на Инстаграм поубава од кога и да било, објавувајќи видеа и фотографии од нејзиниот секојдневен живот и нејзината работа како модел.

Сличноста со нејзината мајка Моника Белучи е неспорна, тие си наликуваат како две капки вода. Младата Дева е веќе модна ѕвезда, по големата побарувачка од повеќе меѓународни брендови. Ако „добрата крв, не лаже“, нејзината растечка кариера наскоро ќе биде полна со успеси. Сите картите ѝ се во рацете!

Дева ги има сите карактеристики што се потребни за да остави сопствен белег во светот на модата и модната индустрија. Неспорна убавина, личност, карактер и со леснотија позира пред објективот, кои претставуваат вродени квалитети. Нејзиниот профил на Инстаграм неодамна освои 86 илјади следбеници, знак за тоа колку Дева веќе е сакана од нејзините фанови.

x

Check Also

Карди Би се збогува со сопругот после три години брак

Карди Б(27) и нејзиниот сопруг Офсет (28) се разведоа по само три ...