Ќерката на Моника Белучи во нова кампања на Долче и Габана

Преубава како мајкаси, Моника Белучи, и привлечна како татко и, Вансан Касел, тоа е Дева Касел.

Дева Касел повторно е ангажирана во спот за новата колекција на Долче и Габана. А нејзината убавина, не може да остане незабележана.

Родени во Рим, а израснати во Франција, Дева и нејзината помала сестра Леони секогаш живееле надвор од дофатот на папараците и медиумите. Дева стана забележана во јавноста минатата година, кога нејзиниот татко постираше пост на Инстаграм преку кој и го честита роденденот.

Дева има 14 години и зборува четири јазици. Исто како и помалата сестра, Леони, и Дева живее далеку од рефлекторите, а нивната мајка Моника Белучи на секаков начин се обидува (и успева) да ја заштити нивната приватност. Дева нема профил на социјалните мрежи и за разлика од другите деца на славни родители, таа не е „millennial“.

Останува да видиме, дали Дева, после уште една рекламна кампања на Долче и Габана, нема да зачекори по стапките на мајкаси, од модел до глумица.

x

Check Also

Кејт Мидлтон со боси нозе на кралската турнеја во Пакистан

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, се појави боса и со шамија при ...