Главниот уредник на британскиот Вог, Едвард Енинфул, продолжува да размислува надвор од границите – ангажирајќи ја Меган Маркл за гостин- уредник на септемвриското издание, а на насловната страница им даде шанса на Карли Клос и Зои Кравитц, и двете позирајќи пред објективот на Стивен Меисел.
Легендарниот фотограф повторно беше ангажиран, овојпат, за да ја фотографира насловната страница за октомвриското издание, со Каја Гербер, ќерката на топ моделот од 90-те години, Синди Крафорд.
Гербер, која е актуелно лице на Версаче и Џими Чу, позира во елегантно издание – во креација на Валентино од ресосрт колекцијата за 2020 година.
Насловната страница со Гербер привлече позитивни коментари на социјалните мрежи.