Ќерката на Синди Крафорд стана лице на Ив Сен Лоран

По рекламните кампањи за Фенди и Стела Мекартни, ќерката на Синди Крафорд, Каја Гербер, продолжува успешно да се пробива во модниот свет. 17-годишната убавица е лице во новата козметичка кампања на луксузната француска куќа Ив Сен Лоран.

За Гребер ова не е првпат да позира за познатиот светски бренд. Минатата година таа ја рекламираше тексас колекцијата на Ив Сен Лоран.

Новата козметичка колекција на YSL за лето 2019 се фокусира на живите розови нијанси на кармини и светкавите сенки за очи во виолетови, зелени и златни нијанси.

 

x

Check Also

Направете си го денот убав, купете си Revalid® и можеби ќе…

Ако насловот ве привлече да кликнете на оваа вест и навистина денот ...