Ќерките на ѕвездите кои се исти како нивните мајки: Од Мерил Стрип до Гвинет Палтроу

Мајките и ќерките може да си личат не само по карактерот, туку и во изгледот. Исти очи, нос, уста, форма на телото, а Инстаграм фотографиите тоа го потврдуваат.

Мерил Стрип и Мами Гамер

Мами Гамер е првото дете на глумицата Мерил Стрип од врската со скулпторот Дон Гамер. Родена е на 3 август 1983, а нејзини сестри и браќа се Грејс, Хенри и Луиза – и сите ја делат истата страст – глумата. Мами има неколку помали филмски улоги.

Ванеса Паради и Лили Роуз Деп

Ќерката на глумците Ванеса Паради и Џони Деп, Лили Роуз Деп, веќе тргна по стапките на своите родители, а се испроба и во модните води. Налик, иста е како мајка си.

Кејти Холмс и Сури Круз

Малото девојченце од бракот со Том Круз порасна во девојка која е „а-ла“ мама.

Лиза Бонет и Зои Кравитц

Родена на 1 декември 1988, Зои Кравитц е убавата ќерка на актерката Лиза Бонет и музичарот Лени Кравитц. Актерка и пејачка, Зои ја продолжува кариерата на нејзините родители – дебитираше во 2007 на филмското платно, а воедно е и пејачка во бендот Лолаволф.

Гвинет Палтроу и Ејпл Мартин

Родена на 14 мај 2004, убавата Ејпл Мартин е ќерка на глумицата Гвинет Палтроу и фронтменот на Колдплеј, Крис Мартин. 15-годишната Ејпл се повеќе си личи на мајка си. Парот Палтору-Мартин беа во брак до 2016, а од нивната врска е роден и Мосис.

 

x

Check Also

Кејт Мидлтон со боси нозе на кралската турнеја во Пакистан

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, се појави боса и со шамија при ...