На Кети Пери и’ се исполни сонот: блесна на насловната на Вог

Главната уредничка на американскиот „Вог“ Ана Винтур во последно време е расположена да ги остварува туѓите соништа.

keti peri vog

И „Вог“ полека го менува својот лик, барем што се однесува до насловните страници. Винтур овојпат покажа добро расположение кон провокативната американска пејачка Кети Пери на која и припадна честа да ја краси јулската насловна страница на највлијателното модно списание во светот.

Кети Пери позираше во романтичен цветен фустан пред објективот на  Ени Леибовиц и не криеше дека Винтур и го исполни најголемиот сон.

x

Check Also

Лана Дел Реј на насловната на Максим: Со потемна коса ме сфаќаат посериозно

Лана Дел Реј позира во долна облека за декемвриското/јануарското 2014/2015 издание на ...