Популарната американска поп пејачка Кети Пери продолжува да дава модерни идеи додека е во очекување на своето бебенце.
Неодмана таа покажа инспиративен изглед облечена во фустан од есенската колекција 2020 на модната марка Мисони.
Во колекцијата доминираат фустани со препознатливите шари на Мисони, дизајнирани во бохо стил, инспирирани од богатата архива на историската модна куќа основана во 1953 година во Галарате, во близина на Милано.