Последната (анти)холивудска дива: Кетрин Хепберн

Со оригиналната смисла за хумор, насмевката, особено интелигенцијата, начинот на облекување и живиот темперамент, Кетрин Хепберн ќе остане инспирација на неколку генерации модни креатори.

ketrin 1

Нејзината кариера траеше повеќе од 60 години. Во таа богата актерска игра има добиено четири оскари, а од Амриканскиот институт во 1999 година од листата на 100 актерки од сите периоди на филмот беше прогласена за актерка број 1. Покрај оскарите има добиено и една Еми награда. Во светот на филмот влезе на 19-годишна возраст, а дебитираше во „Овие денови“ што претставуваше прв чекор на Бродвеј. Во слава и почит кон нејзиното дело, неколку дена по нејзината смрт, светлата на Бродвеј беа затемнети.

Потекнува од познато семејство. Татко и бил лекар, познат уролог и пионер во социјалната хигиена, а мајка и се залагала за правата на жените во одлучувањето за контролата на раѓањето и правото на глас. Во својот дом Кетрин никогаш не била ограничувана во желбите, била поттикнувана да го искористува својот талент до максимум. Детството го минала опкружена со своите пет браќа. Семејството на Кетрин иако застапувало либерални погледи, децата ги воспитувало да ги почитуваат етичките кодекси на однесување во општествената средина. Израсната со неизмерна љубов од родителите и поттикнувана да верува во своите можности и овозможило да стекне голема самодоверба која подоцна во животот ќе и помогне да го освои светот на актерството.

ketrin 3 Во нејзината 13-та година била скршена од болка поради смртта на братот Том за време на изведување на една акробација. Целиот живот неговиот роденден ќе продолжи да го прославува како свој роденден.

Во 1928 година станува дипломиран актер, а истата година и ќе се омажи за филаделфискиот социјалист Лудлов Оген Смит, кој работел како брокер. Бракот траел шест години, а вистинската љубов ќе и се случи подоцна и ќе трае цел живот. Со Спенсер Трејси се запознала кога имала 33 години за време на снимањето на филмот „Жена на годината“. На професионално и приватно поле нивното пријателство ќе трае повеќе од 25 години. Големата љубов не завршила со брак зашто Кетрин еднаш веќе била мажена, а Спенсер бил католиг по вера и бил оженет со глумицата Лоуис Тредвел. Неговата сопруга 15 години го надживеале Спенсер, но до крајот на нејзинот живот никогаш јавно не проговорила за неговата врска со Кетрин. Кетрин ќе остане во врска со Спенсер се до неговата смрт во 1967 година, а заедно ќе снимат 9 филмови.

ketrin 5

Долгиот живот на Кетрин се должел на аскетскиот живот кој го водела. Секогаш одела во кревет во 19 часот, освен во деновите кога имала претстава, а се будела во раните утрински часови. Иако на многу фотографии позира со цигара во рака, подоцна ќе каже -„Не пушев, се капев преку целата година со студена вода. Јадев секој ден во 17 часот. Никогаш не ги гледав моите стари филмови.“

Оваа животна сила и помогнала по сообраќајната незгода во средината на 1982 година да започне со снимање на филмот „Грејс Квикли“ по само три недели поминати во болница. Тоа е нејзиниот последен филм.

ketrin 2

За својот живот има напишано две книги, бестселери. Нејзиното нестандарно однесување и облекување надвор од сцената подеднакво ќе предизвикува лавини реакции. Од мајка си го наследува екстремниот феминизам, кој го турка при секоја можна пригода, била мошне тврдоглава кога се работело за нејзин став, што многу им пречело на холивудските продуценти, а кон публиката била затворена и иронична. Нејзиниот антихоливудски однос предизвикува омраза кај критичарите. Во 1940 година ќе го напушти Холивуд и ќе му се врати на театарот. Во тоа време е во врска со милијардерот Хауард Хјуз, кој толку е вљубен во неа што неколку пати ќе се обиде спектакуларно и јавно да ја импресионира (терајќи го пилотот да го спушти авионот среде голф терен за да одигра партија со Кетрин, поради неа ги откупува правата на филмот „Филаделфиска приказна“ и ѝ ги подарува на Кетрин пред театарската претстава премиерно да е прикажана…), сепак таа ќе ја одбие неговата понуда за брак.

ketrin 4

Славната убавица последните години од животот ќе ги помине повлечено, во семејната куќа во Олд Сајбрук, изградена во 1939 година на местото на куќата во која е родена и која беше уништена од ураган. Во таа куќа и умира на возраст од 96 години. Пред две години куќата беше ставена на продажба за 28 милиони долари.

В.Г

x

Check Also

Розовото палто на Џеки Кенеди

Ни 50 години по смртта на американскиот претседател Џон Кенеди приказните не ...