„Кежуал“ изгледот на Ким Кардашијан – модна утка

Популарната Инстаграм девојка Ким Кардашијан изгледа дека овојпат не се советувала со својот сопруг како да се облече пред да „тркне до продавница“.

Фотографирана во Холивуд, таа е облечена во тесен, екстра-мини црн фустан кој акцентот го става на нејзините раскошни колкови (и задник) во комбинација со отворени сандали со потпетица, повеќе прикладни за на плажа.

Косата го следи актуелниот тренд на две контрастни бои, овојпат тоа е играта со белата и црната нијанса. Шминка на лицето не недостига, но секако недостига паричник или мини чантичка.

 

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Плисираната сукња на Летиција од Шпанија

Летиција од Шпанија, 49, е неприкосновена во модната естетика која инспирира. Овојпат ...