Киану Ривс е ново лице на Сен Лоран

Ентони Вакарело го одбра глумецот Киану Ривс за лице на кампањата за колекцијата есен 2019 на Сен Лоран.

Новите фотографии ги снимил славниот фотограф Дејвид Симс, во препознатлива црно-бела техника по која е и препознатлива луксузната француска модна куќа, вдахнувајќи нов, свеж и модерен стил.

За модната фотосесија Ривс носеше бокси кожена јакна и црни фармерки, останувајќи верен на својот личен стил. И навистиане тешко да замислиме билокој друг со толку стил да ја нови оваа комбинација.

Авијатор-очилата за сонце и меланхоличниот изглед го нагласуваат маркантниот изглед на глумецот кој совршено се вклопува во естетиката на Ив Сен Лоран. Во едно издание Ривс позира во кожена јакна, а во друго – во темно сако со децентни риги.

x

Check Also

Ирина Шаик во нова рекламна кампања во секси издание

Познатата манекенка Ирина Шаик по разделбата со глумецот Бредли Купер, продолжува да ...