Кич старлета на насловна на Вог? Ете и тоа се случи

Ако лани некој ни кажеше дека Ким Кардашијан ќе ја видиме на насловната страница на модната библија, ќе му се насмевневме в лице извикувајќи –невозможно!

kim

Но, изгледа и за Ким важи онаа славна изрека „никогаш не се потсмевај на ниедна жена, зашто не знаеш утре со кого ќе се омажи“.

И откако „под свое“ ја зема Кени Вест и до некаде и го смени стилот, кич-старлетата полека но сигурно почна да се наоѓа на листите на најубаво облечени жени.

И еве ги заедно, на насловната страница на априлското издание на американскиот Вог. Ким, облечена во венчаница од Ланвин, а зад објетивот е славната Ени Лејбовиц.

Реакциите за насловната се поделени, но вревата е веќе крената, а со тоа и високиот тираж загарантиран.

x

Check Also

Триото „Тојлетпејпер“ се врати со нови гротескни модни фотографии

Фотографите Маурицио Кателан и Пјерпаоло Ферари и уметничкиот директор Мико кои го ...