Киксови поради кои колачите не им успеваат и на највештите готвачи

Проблемот кај бројните почетници во кујната ги доведува до откажување во подготовката на колачите е нивниот лош исход. Често се случува иако рецептот го следите во целост од чекор во чекор, по печењето резултатот не е задоволителен туку, всушност, потполна катастрофа.

Ви ги откриваме најчестите грешки поради кои вашите колачи не успеваат.

Наместо прашок за печиво користите сода бикарбона и обратно

Прашокот за печиво е направен од сода бикарбона, но нивната структура и текстура е сосема различна како и дејството кое го имаат во поедини рецепти. Сода бикарбоната само реагира и произведува јаглерод диоксид кога е помешната со кисели состојки како чоколада, јогурт, кисело млеко или оцет. Прашокот за печиво пак прозиведува јаглерод диоксид кога се помешува со вода. Ако сода бикарбоната ја користите самоволно наместо прашок за печиво правите грешка поради кои тестото нема да ви успее.

Избегнувате просејување на сувите состојки

Во бројни рецепти е назначено дека сувите состојки треба да се просејуваат пред додавањето во смесата, но многу домаќинки го прескокнуваат. Овој чекор е важен бидејќи со просејувањето ги отстрануваме можните грутки во тестото, додека просејувањето на прашокот за печиво осигурува дека на површината на колачот нема да се создадат дупчиња.
Ја отворате вратата на печката за време на печењето

Со отворањето на вратата на печката доаѓа до пуштање на топлината надвор која предизвикува пропаст на колачот. Тоа се случува бидејќи смесата во средината останува свежа и потребно и е точно назначено време целата да се претвори во саканата текстура, со пуштањето топлина доаѓа до ослободување топол воздух од смесата и таа паѓа. Ова правило посебно се однесува на колачите и бисквитите без брашно.

Премногу долго го мешате тестото

Во последно време се повеќе се користат автоматски миксери чии пак, опции треба да ги совладате поред да се впуштите во нивното користење. Имено, премногу силното промешано тесто ќе создаде меурчиња од воздух кое по печењето само ќе се спласне. Правило е дека шеќер и маслацот трпат силно миксување додека другите состојки треба да се измешаат рачно.

Заборавате да го потресете калапот со тестото

Посебно назначено во речиси секој рецепт е советот дека тестото откако ќе го излеете во калапот да го потресете, многу домаќинки тоа го избегнуваат, а за последица добиваат површина од колачот која е грутчеста. Овој совет е вреден бидејќи со тресењето на тестото, посебно на она кое е дебело и лепливо, ги елиминирате меурчињата од воздух што спречува колачот да спласне и да остане со дупка во средината.

Белките нагло ги додавате во смесата со миксување

Грешката кои многумина ја прават во настојувањето што побрзо да завршат со приготвувањето на колачот е наглото додавање на изматените белки во смесата. Имено, на овој начин белките стануваат воденести, ја губат пенастата структура поради што тестото по печењето во средината останува влажно и свежо. Белките треба во смесата да се додаваат со лажица малку по малку на самиот почеток и потоа нежно да се измеша остатокот. Белките никогаш не ги додавајте во смесата нагло и мешајќи го со миксерот, бидејќи на овој начин стануваат течни и предизвикуваат згмечено тесто.

Премногу долго ги оставате жолчките и шеќерот без мешање

Бројните рецепти посебно за тортите започнуваат со првиот чекор на миксување на жолчките со шеќерот, но сосема лесниот потфат веќе во стартот може да предизвика лоша текстура на бисквитите. Имено, шеќерот се врзува за жолчките и се создаваат кристали кои е тешко да се измиксуваат и да се претворат во мазна текстура, освен тоа сите наредни состојки тешко се врзуваат во хомогена смеса.

 

 

x

Check Also

Подгответе брзо и лесно: Превкусни пилешки срца во пикантен сос

За пријатен и лесен викенд ручек, дегустирајте го специјалитетот Пилешки срца во ...