Ким Џонс е нов уметнички директор на Fendi, но кој е Ким Џонс?

Стилистот од Dior Men е новиот наследник на Карл Лагерфелд, назначен е за уметнички директор на луксузната модна марка Фенди.

Оваа вест пристигна како вистинско изненадување пред прагот на месецот на модата – септември.

По смртта на германскиот дизајнер Лагерфелд, минатиот февруари, модната куќа ги концентрираше сите свои сили на внатрешниот тим.  Отсега натаму, наследникот на третата генерација на семејството Фенди ќе продолжи да создава колекции и модни додатоци за жени. Ова ќе биде прв обид на Џонс да се пробие во женскиот свет на модата.

Инаку, Џонс е Британец, роден во 1973 година. Во модниот свет неговото име стана познато откако се вклучи во тимот дизајнери на машка облека за Данхил, каде работеше од 2008 до 2011 година. Познат е по својот спортски и уличен стил кој го внесува во колекциите.

На групацијата LVMH Ким Џонс се приклучил во 2011 година како уметнички директор на машки линии на Луј Витон. За машките колекции на Диор пак, почнал да работи во 2018 година.

x

Check Also

Џенифер Лопез и Бен Афлек заедно го прославија 4-ти јули

Двете sвезди заедно ја поминаа годишнината славејќи ја независноста на Америка. Прво ...