Ким Кардашијан го форсира „анимал“ принтот

Познато е, тоа што „реалити“ ѕвездата Ким Кардашијан го форсира како тренд, со молскавична брзина станува тренд прифатен од бројните нејзини фанови. Па, судејќи според нејзиното форсирање на „анимал“ принтот, ваквите материјали остануваат во мода и оваа сезона.

На Модната недела во Париз, Кардашијан се појави во „анимал“ принт издание од глава до пети –  носејќи проѕирен комбинезон со леопард-принт во комбинација со чевли со истиот принт.

Комбинезонот со кој таа привлече внимание е од  марката Maison Alaïa.

За нејзиниот мејкап, и фризурата во холивуд-глам стил, како и обично и овојпат се погрижил Марио Дедиванович.

x

Check Also

Меган Маркл ја претстави својата хуманитарна колекција

По породилното отсуство, Меган Маркл се врати на должност – во лондонската ...