Познатите „реалити“ ѕвезди Ким и Кортни Кардашијан се погрижиле добро сите очи да бидат свртени кон нив. сестрите се појавиле на гала вечера во Њујорк, а за деколтето на Ким веќе на големо се зборува.
Ким облекла црн „Версачи“ фустан со огромно деколте. Изгледот е надополнет со распуштена коса и совршен мејк-ап. Кортни пак, носела подискретно деколте, но ги покажала нозете во фустан со длабок шлиц.
Судејќи според коментарите на социјалните мрежи, ова е еден од изгледите на Ким Кардашијан за кој долго ќе се зборува.