Ким Кардашијан и Кајне Вест чекаат четврто дете

Семејството Кардашијан изгледа дека повторно се проширува, ако новите информации се потврдат како точни.

Според Us Weekly, Ким Кардашијан и Кајне Вест очекуваат бебе преку сурогат мајка. Оваа информација доаѓа од повеќе извори кои тврдат дека четвртото дете на Ким и Кајне е веќе на пат и дека треба да се роди на почетокот на мај. И  списанието People ја потврди оваа вест во средата.

Минатата година, во месецот јануари, Кардашијан и Вест добија трето дете, ќерката Чикаго, додека останатите две деца, Сент и Норт веќе растат пред „очите“ на фановите.

x

Check Also

Ирина Шаик со ќеркичката дотерани во исти „Burberry“ фустанчиња

По разделбата со глумецот Бредли Купер, рускиот топ модел Ирина Шаик не ...