Ако помисливте дека претерувате со „шкрапање“ на селфи-фотографии, еве една утеха – ни одблизу не ја употребувате камерата на мобилниот телефон како што тоа го прави Ким Кардашијан.
Сопругата на Кенје Вест постави нов рекорд на социјалните мрежи, признавајќи дека за време на нејзиниот четиридневен одмор со пријателките во Мексико, поточно во Пунта Мита, направила 1.500 селфи фотографии дневно или вкупно 6.000 селфи фотографии за време на краткиот одмор.
Инаку, фотографиите ги правела во бањата на хотелската соба, на плажа, на приватните забави…, а важно било во прв план да се нејзините облини, градите и задникот.
Кардашијан се врати во форма после втората бременост и очигледно сега сака да му покаже на светот дека ги намалила килограмите.