Ким Кардашијан лансираше колекција на очила за сонце, сите модели по цена под 100 долари

Новата колекција на очила за сонце која произлезе од соработката на брендот Каролина Лемке и Ким Кардашијан е во продажба на официјалната Интернет страница на Каролина Лемке.

Интересно е што станува збор за луксузна колекција со авангардни модели, а цената на сите модели се движи од 80 до максимум 100 долари што ги прави достапни за пошироката јавност.

Кардашијан на својот Инстаграм профил преку постирани фотографии на кои самата ги рекламира моделите нагласи дека ова е прва колекција од соработката со Лемке, а следуваат уште колекции.

x

Check Also

Деми Мур прекрасна (и гола) во фотосесијата за Харперс Базар

56-годишната глумица Деми Мур позира за насловната страница и едиторијалот на октомвриското ...