Ким Кардашијан полни 39 години, сака да стане пријателка на Меган Маркл

Ким Кардашијан, родена на 21 октомври 1980 година, денес полни 39 години. За роденденот има само една голема желба – да стане најдобра пријателка на војвотката од Сасекс.

Во неодамнешно интервју, како што пренесуваат американските весници, таа ги искажала своите роденденски желби. Три се, ама слушајте ги внимателно.

Сака да стане адвокатка и затоа студира право, сака да се кандидира на претседателските избори во САД откако ја поддржала кампањата на Хилари Клинтон која загуби во битката со Доналд Трамп, и трето – сака да ѝстане најдобра пријателка на Меган Маркл, војвотката од Сасекс.

Баш скромни желби, нели?

 

x

Check Also

Кирк Даглас почина на 103 години: Спомените на неговиот син Мајкл на Инстаграм

„За светот тој беше легенда, за мене тато. Јас сум толку горд ...