Ким Кардашијан со боја на коса во иста нијанса со нејзиното „ламборџини“

Ако некој сака да ја менува редовно својата коса, тоа се девојките од семејството Кардашијан – Џенер. Овојпат постарата сестра си поигра со боите, па ја обои косата во руса со неон-зелена нијанса за да се совпаѓа со бојата на нејзиното Ламборџини со коешто е фотографирана во Мајами.

Очигледно е мода во последно време меѓу младите познати ѕвезди, да ја усогласуваат нијансата на косата со онаа на луксузното возило кое го возат. Пред Кардашијан, раперката и интернет-ѕвезда, Кадри Би, која е пријателка на семејството Кардашијан, се појави со неон-сина коса која се совпаѓаше со сината боја на нејзиното Ламборџини.

Кардашијан за новата нијанса на косата се пофали на својот Инстаграм профил. Но, дали е ова уште еден тренд кој брзо дојде и побрзо ќе си замине, останува да видиме. Но едно е сигурно, комбинирањето на бојата на косата со чевлите или чантата, е оставено на модните почетници.

x

Check Also

Меган Маркл на листата на најубаво облечени жени според Vanity Fair

Војвотката од Сасекс се најде на престижната листа на најубаво облечени жени ...