Популарната „реалити“ девојка, Ким Кардашијан, и овојпат покажа дека е во чекор со модните трендови.
Така, додека продавниците се полнат со есенски модни парчиња меѓу кои доминира трендот змијски принт, таа веќе зачекори на улиците на Мајами облечена во проѕирна блуза со змијски принт, во комбинација со тесни панталони со змијски принт и трендовски „шпиц“ чевли со умерена потпетица, секако, и тие со змијски принт.
Единствен распар од трендот змијски принт, кој Кардашијан го носи од „главата до стапалата“, беше црната кожена чантичка.
За модната провокација да биде поголема, Кардашијан под блузата не облекла градник.