Ким Кардашијан во глам-издание инспирирано од 90-те години

Ѕвездата од социјалните медиуми, Ким Кардашијан, во глам-издание позира за насловната страница и едиторијалот на тајванскиот Вог.

Овојпат Кардашијан има руса коса, а шминката и облеката не навраќаат назад во модата на 90-те години. За ретро мејкапот беше задолжен стилистот Марио Дедиванович, додека гардеробата и модните додатоци се од пролетните колекции на Филип Лим, Сен Лорен и Булгари.

Судејќи според трендовите кои ги форсира Вог, и оваа пролет во игра остануваат бундичките од вештачко крзно, блузите со „спуштени“ рамена, ригите и животинскиот принт, а во преден план се предименионираните обетки и прстени. Шминката пак, е дискретна, во неутрални тонови и кармин во „nudе“нијанса.

x

Check Also

Седа коса: тренд што обедини многу sвезди во движењето „без боја“ – од Енди Мекдауел до Џејн Фонда, Џоди Фостер, Џејми Ли Кертис до…

Кој рече дека седата коса им одговара само на мажите? Од Енди ...