Според многумина, „Тиери Муглер“ изгледот на Ким Кардашијан, кој го презентираше на црвениот тепих на 5-то годишно издание на Холививуд Бјути наградите (Hollywood Beauty Awards) е еден од нејзините најлегендарни изгледи.
Макси фустанот во црна боја е од марката Тиери Муглер, а акцентот е на Икс- деколтето од плиш материјал, кое прилично открива. За дополнителна драматичност, тука е и високиот шлиц.
Самиот фустан е приказна за себе, со дополнителни детаљи – сатенски ленти околу глуждовите на рацете, па не бара дополнителни модни додатоци и украси. Изгледот е заокружен со трендовски сандали на висока потпетица, со проѕирни ремчиња.
Шминката пак, е совршена – карминот е незабележлив и сјаен, а нагласени се очите и веѓите.