Кјара Ферањи лошо го изрекламира Lancôme

Дожд од критики и негативни коментари повторно пристигнаа за Кјара Ферањи преку социјалните мрежи.

Фотографиите за промоција на новата колекција на шминки од Lancôme, направени на италијанското Лаго ди Комо, а постирани на Инстаграм страницата на една од најголемите европски модни инфлуенсерки, Кјара Ферањи, добија куп негативни коментари.

На фотографиите се гледа силната сенка за очи во розова нијанса, која на многумина не им се допадна.

-„Каква грда шминка, изгледа како да си добила бокс на очите“, „Мислев дека сум единствена која ја мрази ваквата шминка, ама гледам дека мислењето е заедничко“, „Кој те упропасти?“, беа едни од најчестите коментари.

Ферањи не одговори на негативните коментари.

Инаку, колекцијата на шминки која е реализирана во соработка на Ферањи и Lancôme е веќе во продажба, но негативниот маркетинг кој доаѓа токму од социјалните мрежи не ветува дека популарната козметичка фирма Lancôme ќе има посебна полза од самата Кјара Ферањи.

x

Check Also

Подготвени да се чувствувате убаво? – Капитол мол го организира Дерма фест 3.0

  Дерма фест на 15. и 16. ноември во Капитол мол Од ...