Кјара Мастројани ново заштитно лице на Фенди

Ќерката на Катрин Данев и Марчело Мастројани е новото заштитно лице на колекцијата луксузни парфеми на Фенди.

kjara 1

Глумиците оваа сезона им го презедоа местото на славните модели. Откако Армани се одлучи Кејт Бланшет, а Келвин Клајн за Руни Мара, за да ја претстави новата колекција на парфеми Фенди ја одбра глумицата Кјара Мастројани.

„Успешна и независна, Кјара перфектно ја претставува жената замислена од Фенди“, велат од модната куќа.

Благодарение на славните родители, Кјара Мастројани првпат застана пред филмската камера уште на 7-годишна возраст и оттогаш се знаеше дека е родена глумица. Благодарение пак на дарот на гените и природата – убавината, Кјара во следната сезона ќе ја гледаме во улога на модел на Фенди.

x

Check Also

Дрогериите dm подаруваат бесплатна промена на изгледот

Дрогериите dm на сите заинтересирани им подаруваат бесплатна промена на изгледот со помош на ...